User:Natasa Rimbovska

From Wikipedia, the free encyclopedia

Античка египетска религија[edit]

From Wikipedia, the free encyclopedia

Jump to: navigation, search

Античката египетска религија е составена од различни религиски верувања и ритуали кои се изведувале во Античкит Египет во изминатите 3.000 години, од преддинастичкиот период со прифаќањето на христијансвото во раните веково Н.Е. Овие верувања се се темелеле вор обожувањата на многу божества, кои претставувале различни прирдни сили. [1] Божествава биле славени со дарови и молитви, како во светилишта во домовите, така и во храмовите кои биле управувани од свештениците. Египет никогаш немала разбирлива хиерархија на божествата или унифицирана митологија, бидејќи во различни периоди од Египетската култура се истакнувале различни богови и митовите за нив се разликувале со текот на времето. Меѓу ваквите промени било и божеството на фараонот, кој помогнал политички да ја обедини замјата [2] како и сложените верувања за живот после смртта од кои произлегле сложените египетски погребни обичаи.

Основни концепти[edit]

Теологија[edit]

Боженствените аспекти Озирис-Асар, Анубис-Себек и Хорус-Херу, од цртежи во гробница.


Further information: Egyptian pantheon
Египетската/Камитичката религија во суштина била монотеистичка и покрај тоа што била поинаку претставувана со тоа што препознавала бројни аспекти а Бог, како женски така и машки. Многу од овие божества претставувале специфични аспекти од Боженственото. Одредени божества/аспекти биле поврзани со специфични области или градови од Египет. Меѓу најзабележливите аспекти на Богови се вклучувале.

  • Атум, бог на создавањето
  • Ра, бог на сонцето
  • Херу (подоцна хеленизиран во Хорус), соколот, симбол за воскреснувањето/изгревањео на сонцето.
  • Хет Херу/ХТ ХР (подоцна хеленизирана во Хатор) божицата на сонцето.
  • Асар (Подоцна хеленизиран во Озирис), владетел на подземниот свет и маж и брат на Аст/Исис
  • Аст/Асет (подоцна хеленизирана во Исис).Божицата мајка, жена и сестра на Асар.
  • Анпу (подоцна хеленизиран во Анубис), бог на балзамирањето на мртвите
  • Техути (подоцна хеленизиран во Тут), владее со пишувањето и знаењето
  • Сет, бог на хаосот

Божестват од египетскиот пантенон понекогаш имале различна, а понекогаш конфликтна улога. Како на пример, лавицата Сахмет која била пратена од Ра да ги уништи луѓето се побуниле против него, а подоцна станала бестрашен заштитник на кралството, на животот во целина и на болните. Уште посложени се улогите на Сет. Разгледувајќи ја митологијата за Сет од моредна перстпектива, особено за митологијата околу односот на Сет со Озирис, лесно може Сет да се утврди како главниот злосторник и изворот на злото. Сепак, не било секогаш така, бидејѓи Сет претходно имал улога како уништувач на Апеп, во служба на Ра и неговата баржа, а со тоа и во служба за одржувањето на Маат (вистина, правда и хармонија)

Божествен фараон[edit]

Статуа од фараонот Рамзес II, од храмот Абу Симбел

Фараонот или кралот на Египет, бил согледуван и како и како божество и имал улога на посредник помеѓу египетскиот народ и боговите. [3] Тој бил клучот за оддржуваење на Маат во општеството, со тоа што: ја бранел земјата од непријатели, назначувал праведни чиновници, раководел со залихите на храна и им угодувал на боговите со градење на храмови и придонесување дарови. [4] Затоа, во храмовите често бил прикажуван како ознака на Маат за боговите, претставувајѓи го неговото оддржување на божествениот поредок. [5] Неговото значење било толку големо, што египетскиот збор за “крал” се однесувал само за фараонот, додека било кој владетел од друга земја еноставно се нарекувал “големиот поглавар.” [6] Кралот се поврзувал и со неколку одредени божества. За време на неговиот живот бил идентификуван со Хорус и му била дадена ттулата “Син на Ра”. Како негова мајка се смтале божиците Исис, Хатор и Мут. [7] . ^ Fleming and Lothian, Way to Eternity, pp. 12, 34, 59. Починтиот крал се согледувал ако целосно божество и бил идентификуван со Озирис (таткото на Хорус) и со Ра. [8]



Пантеизам[edit]

Некои научници (како д-р Рамзес Селеем) во скулптурите како книгат на мртвите, откриле елемнти на пантеизам, но овие тврдења и понатаму се оспоруваат.

Атеизам[edit]

Дополнителни информации: Atenism
Во 14-тиот век П.Н.Е во египетската религија постоел период кога фараонот Акенатен го поставил обожувањето на сончевиот диск Атен над сите други божества. Постепено целосно о забранил обожувањето на другите богови, со што ја променил официлајната египетска религија во вистински монотеизам. [9] Сепак, промените кои ги спровел Акенатен биле во спротивност со синкретичната традиција на претходните египетски верувања што ги оттуѓувало обичните египќани. [10] Така, под водството на наследникот на Акенатен Египет повторно се вратил кон традиионалната религија. [11]


Записи[edit]

Во Египет не постоела единствен религиски свети книги. Но, постоеле многу религиозни текстови за различни намени. Меѓу нив се вбројувале: посветени записи, погребни текстови[12] и текстови поврзани со различни митови.

Митологија[edit]

плоча на која се прикажуваа две тријади на богови.

Египќаните немале официјални свети книги. Наместо тоа постоеле голем број на одделни митови кои можеле да се сретнат на различни места и често во различни верзии. Некои митолошки информации се застапени во храмовите, и покрај тоа што турбулентните настани кои биле застапени во митовите биле во спротивност со вистинската намена на храмовите да ја слават вечната моќ и љубезност на боговите. Освен тоа, египќаните верувале дека преку запишувањето или прикажувањето на негативните митолошки настани, особено во камен, ќе им се даде моќ на силите на хаосот. Од тие причини постојат зачудувачки малку митови во храмовите. Информации за митологијата можат да се пронајдат на посветени статуи и СТЕЛАЕ кои им биле понудувани на богоите од страна на поединечни лица, а голем дел информации можат да се пронајдат и во погребните текстови. [13] Но и покрај тоа, целосни митолошки нарации можат да се пронајдат само од грчки или римски извори. [14]

Меѓу најважните египетски митови се митовите за создавањето. Иако постоеле неколку различни митови за создавање, сите споделувале еднакви елементи: бескраен, безживотен океан кој претходел на создавањето на пирамидалното брдо земја кое било првото нешто што се појавило од овој океан. [15] Сепак, забелешките за создавањето се разликуваат во фокусирањео кон различни богови. Во еден мит за создавањето се опишува Огдоад, грпа на осум богови кои ги отелотвориле првобитните води и како од нивната средба се создало брдото. [16] Друг мит се поврзува со дествата на Атум, за кој се верува дека бил првиот бог кој се појавил од брдото, кој ги создал Енеад, деветте богови кои ги претставувале природните сили на светот. Во трет мит се вели дека богот Птах го создал светот едноставно со замислување и именување на сите нешта во светот. [17] До одреден степен овие митови претставуваат конкурентни теологии, но можат да се согледаат и како претставници на различните аспекти од процесот на создавање. [18]

Друга приказна која има централнозначење за египетските верувања е митот за Озирис и Исис. [19] Во него се раскажува за богот на плодноста Озирис, владетелот на светот кој бил убиен и рапарчен од страна на неговиот љубомнорен брат Сет, [20] богот кој се поистоименува со хаосот [21] . Исис, сестрата и жената на Озирис го составила распарченото тело на Озирис и го оживеала, за да зачне наследник кој ќе го превземи престолот од Сет [22] . Од тогаш, Озирис влегол во подземниот вет, каде станал владетел на мртвите,[23] , а Исис го родила нивниот син Хорус. Веднаш по своето крунисување, Хорус се борел со Сет и го победил со што самиот станал крал. Поврзувањето на Сет со хаосот, како и идентификацијата на Озирис и Исис како правилните владетели, дало начело за наследувањето на фараонското место и ги прикажувало фараоните како оддржувачи на редот. [24] Во исто време, смртта и повторното раѓање на Озирис се поврзувала со египетскиот земјоделски циклус, каде жетвата растела со преплавувањето на Нил [25] [26] и давало шема за воскреснувањето на човечките души после смртта.[27]

Богот на сонцето Ра бил најважен меѓу боговите бидејќи имал суштинско значење за животот на земјата [28] . Според митот, движењето на сонцето преку непото се објаснувало со патувањето на Ра во едреник, а заоѓањето на сонцето се сметало како влезот на Ра во подвемниот свет каде патувал за време за време на ноќта [29] . Додека се наоѓал во подземниот свет се сретнувал со Озирис, кој повторно имал улога на бог на воскреснувањето и животот на Ра бил обновен. Ра исто така секоја ноќ се борел со Апеп, змијовиден бог кој го ретставувал хаосот. Поразувањето на Апеп и средбата со Озирис го осигурувало изгревањето на сонцето средниот ден, уште еден настан кој претставувал повторно раѓање. [30]

Посветени записи[edit]

Како и во многу култури, египќаните им се молеле на нивните богови за помош, иако постоеле неколку пишани молитви кои претходеле на Деветнаестата династија. Постојат и многу формални химни кои слават одредени божества или фараонот. Овие поеми се состојат од кратки стихови организирани во дистих или тристих кои веројатно биле рецитирани или пеени за време на церемонијата. Во нив често се споменувале различни аспекти на божеството на кое биле посветени ја толкувале неговата или нејзината природа и митолоШка функција. Од тие причини, овие текстови се важни извори на информации за египетската теологија. [31]


Погребни текстови[edit]

Мерење на срцето, од Книгата на мртвите.

Меѓу најзначајните и најдобро сочувани египетски записи се погребните текстви, чија намена била да обезбедат сигурно стигнување на душите на починатите во пријатен живот после смртта. [32] Најраните вакви текстови се Пирамидните текстови, кои воедно се и најстарите религиски записи во светот. [33] Се состојат од речиси илјада магии или “искажувања” кои се впишани во ѕидовите на кралските пирамиди од периодот на Старото кралство. За време на Првиот меѓу-период, на ковчезите и ѕидовите на гробниците започнале да се појавуваат нови тела на погребни магии во кои биле вклучени материјали од Пирамидните текстови. Овој збир на записи се познати како Ковчежни текстови и не биле наменети за членовите од кралското семејство, туку се појавувале на гробниците на не-кралските службеници. Ковчежните текстови воедно биле и главен извор на голем број на записите од Новото Кралство, каде е вклучена и Книгата на мртвите[34] , кои биле препишани на папирус и им се продавале на обичните граѓани за да можат да ги постват во своите гробници.[35]

Ковчежните текстови исто така биле првите текстови во кои биле вклучени детални описи за египетскиот подземниот свет и упатства за тоа како да се надминат опасностите. [36] Записите од оваа тема се развиле од пораните “Книги за подземјето” кои биле чувани во библиотеките на храмовите[37] . Во Новото кралство се создале неколку одделни тектови од ваков тип, каде биле вклучени Книгата од портите, Книгата од пештерите и Амдуат. [38]

Религиозни практики[edit]

Првиот далновод и колонада од Храмот на Исис во Пела .

Храмови[edit]

Уште од најраните периоди на египетската историја постоеле храмови посветени на боговите, а за време на врвот на цивилизацијата такви храмови постоеле речиси во сите градови. [39] Тука биле вклучени посмртните храмови кои им служеле на душите на починатите фараони и храмовите посветени на богоите заштитници. [40] Сепак, немале сите богови свои храмови, бидејќи постоеле многу космички божества кои не биле широко обожувани, а многу домашни богови биле центарот на популарното почитување отколку цел на обожувањето во храмовите. [41] Храмовите имале централнознчење во египтското општество [42] и за нивното одржување биле одделени многу средства. Фараоните често придонесувале кон хрмовите како дел од нивната обврска за да им се оддаде почит на боговите и затоа многу храмови станале огромни [43] како на пример Храмот од Карнак, претставува најголемата религиска структура во светот. [44] Многу храмови главно била градени по истиот план.[45] Храмовите кои биле градени по брегот на Нил обично биле ориентирани на источно-западна оска, иако оваа оска обично била порамнета на 90 степени од текот н реката, локалните варијции на текот на Нил значело дека ориентацијта не била секогаш насочена кон вистинските правци. [46] Во теквите храмови главниот влез обично се наоѓал блиску до кејот на Нил, од каде патот за религиската поворка поминувал низ ѕидовите кои го опкружувале храмот. Освен ова, обично постоеле еден или повеќе порта со столбови, проследена со двор опкружен со колонада. Се верува дека во ваквите дворови обичните граѓани се сретнувале со свештениците и каде ги донесувале своите дарови. Навнатре бил покриен со хипостилна сала, а после салата имало светилиште опкружено со дополнители соби во кои се одвивале секојдневните работи од ритуалите во храмот. Надворешната област на храмот била декорирана со обеликси и статуи, а ѕидовите и колумните биле исцртани со релјефи. [47] Целиот пат кој водел од влезот на храмот до сетилштето се содледувал како пат од човековиот свет кон боественото кралство, поради што најветиот дел од храмот бил светилиштето каде постоел олтар со сликата на богот на храмот. [48] Само фараонот и свештениците од висок ранк имале право на пристап во светилиштет. [49] Обично ритуалните принесувања се извршувале наутро и навечер од страна на фараонот, но најчесто од страна на свештеникот кој имал улога на сурогат. При таквите ритуали, пред да се постават принесувањата во храна пред статуите или во салата за принесување пред светилиштето, статуите на боговите биле миени, помазувани и раскошно облекувани. После тоа, откако богот ја примин договната есенција од принесувањата, самите помуди биле земани и распределени меѓу свештениците. [50] [51] Во имотот на храмот биле вклучени и многу дополнителни градби. Меѓу нив се наоѓала “” Kyќата на животот”” каде биле чувани сите свети списи и земски регистри на храмот која служела и како центар за изучување различни предмети. Во многу храмови веројатно биле вклучени и санаториуми каде болните доаѓале да бидат излечени од боговите. Во поголемите храмови имало и кујни и работилници за да произведуваат храна и добра за боговите или за практичните потреби на храмот, како и градби за складирање од каде ваквите индустрии се снабдувале. Надвор пред сопственоста на храмот, постоеле големи ниви, каменоломи и рудници кои биле во сопственост на храмот кои се употребувале за да се оддржува сопствената минијатурна економија. [52]

Свештеници[edit]

Фараонот претставувал посредникот на Египет со боговита, па теоретски сите свештеници делувале во негова корист. [53] Всушност, за време на Старото и Средното Кралство не постоела одделна класа на свештеници, а наместо тоа многу државни службеници ја вршеле оваа должност неколку месеци од годината пред да се вратат во своите секојдневни должности. Професионалното свештеништво се проширило дури во Новото Кралство, иако поголем дел од свештениците со понизок ранг и понатаму работеле само привремено. [54] Сепак, како што растело богатството на храмовите, се зголемувало и влијанието на свештенството, додека не станало речиси конкурентно со моќта на фараонот. [55] При политичката поделба на Третиот среден период, правосвештеници на Амон дури биле назначени и за важечки владетели на Горен Египет. [56]
Свештениците обично биле мажи. Во периодот на Старото Кралство, многу жени од богати фамилии имале значајни свештенички улоги, обично во храмовите на женските божества. Сепак, во периодот на Средното Кралство жените биле помалку застапени во јавниот живот и после тоа многу жени кои биле вклучени во активностите од храмовите имале многу помалку важни улоги, како пејачки или музичаеки за време на религиозните церемонии. [57]
Свештениците биле поделени во неколку различи класи. Една од најважните поделби била помеѓу “слугите на боговите”, на кои им бил дозволен пристап до светилиштето на храмот и “прочистувачите” кои ја немале таа дозвола. Должноста на прочистувачите често се состоела од неритуални задачи, улога која првенствено ја имале државните службеници. Во свештенството постоеле и неколку специјализирани улоги, како на свештеникот-лектор која ги рецитирал формулите по кои се озвршувале ритуалите. На врвот од хиерархијата во секој храм стоел правосвештеник или “првиот слуга на богот”. Правосвештениците често биле назначувани од страна на фараоот но, должноста често била пренесувана од татко на син и постепено станала наследна. Сите свештеници биле платени со парцели земја кои биле во сопственост на храмот и со дел од дневните принесувања во храна. Постоеле и многу луѓе кои биле вработни во храмовите, како што биле земјоделците и занаетчии кои го снабдувале храмот со сите негови потреби, како и музичари и рецитирачи кои помагале при ритуалите. Сите вработени бил плаќани со дел од приходот на храмот. [58]
Свештениците при нивното активно служење во храмот строго се придржувале кон стандардите на ритуалната чистота. Од нив се барало да ги избричат нивните глави и тела, да се мијат неколку пати дневн и да носат само чисти линени наметки. При служење на одредени богови, постоеле и одредени начини на однесување, како на пример свештениците да се воздржуваат од јадење одредена храна. Од свештениците не се барал целибат, но од сексуалните односи станувале нечисти додека не извршеле понатамошно прочистување. [59]


Магија[edit]

Понекогаш се изведувале ритуали кои биле наменети да потикнат волшепство или маѓепсништво. Овие ритуали биле нарекувани хека и биле надгледувани од богот кој исто таа бил наречен Хека.


Смрт, погребување и задгробен живот[edit]

Египетски погребни фигури.

Египет имал многу развиен поглед за задгробен животот со сложени ритуали за подготвување на телото и душата за вечен живот после смртта. Верувањата за душата и задгробниот живот биле силно фокусирани на зачувуање на телото. Египќаните верувале дека аспектот ка од душата требало да се спои со ба, поддржката на анкот, кој претставувал дел од секоја суштество кое се искачува до небото за да го завземе своето место меѓу ѕвездите. [60] Ова значело дека балзамирањето и мумификацијата се практикувале за да се заштити идентитетот на лицето во задгробниот живот.

Божицата Маат, со пердувот како украс за глава

За да се зачуваат телата на мртвите, биле однадвор и одвнатре премачкани со калофониум и обвиткани со линени завои, во кои се сместувале религиозни амајлии и талисмани. При погребувањето на кралско лице, мумијата обично се сместувала во серија на камарни ковчези, од кои надворешниот бил камен саркофаг. Цревата, белите дробови, црниот дроб и стомакот биле одделно зачувани и сместени во канопски тегли заштитени од четирите сина на Хорус. [61] Срцето било оставено, бидејќи се верувало дека е домот на душата, Процесот на мунификација обино траел 70 дена. [62]
Балзамирањето било наменето само за одбрани неколлкумина од Старото Кралство, но во подоцнежните периоди станало достапно са поголм дел од општетвото. Понекогаш се мумифицирале и животни, за кои се верува дека биле миленици на египетките фамилии, но позастапено е верувањето дека ги претставувале божествата. Најдени се совршено мумифицирани: ибис, крокодил, мачка, нилски гргеч, сокол и бабун. За време на Птолемаискиот период, постоеле животни кои се одгелдувале специјално за оваа намена.
По смртта на лицето, Анубис (богот на мумифицирањето) ја води душата во салата за пресуда во Дуат, а срцето на починатиот кое претставува доказ за моралноста на сопственикот, се мери со обино пердув, кое ја претставува Маат (концептот на вистина и ред). Доколку исходот е пожелен, починатиот се води пред Озирис, богот на задгробниот живот во Аару, но доколку пресудата е негативна демонот Амит (Јадач на срца)-дел крокодил, дел лав и дел нилски коњ-го уништува срцето и сопственикот останува во Дуат. Срцето кое при мерењето било полесно од пердувот се сметало за чисто срце, кое не тежело од вина или гревови предизвикани од постапките на лицето за време на животот, со што се добивала пожелна пресуда. Доколку срцето било тешко со вина и грев од живото на лицето и тежело повеќе од пердувот, му било давано на Амит да го изеде. Според верувањето на Египќаните човекот во задгробниот живот без срце, во суштина не постоел, бидејќи според верувањето срцето претставувало центарот за разум и емоции, за разлика од мозокот кој за време на мумификацијата бил отстрануван и исфрлан. Многу пати се случувало одредено лице да биде погребано со срце сурогат кое го заменувало нивното срце при церемонијата на мерење на срцето.

Култови[edit]

Не постоела унифицирана египетска религија. Секој град имал свој локален религиски култ во големата рамка на Египетската религија, па затоа меѓу нив постоеле многу сличности.

Египетската божица Исис како го заштитува мумифицираниот фараон, Птолемиски релјеф од доцниот период од храмот во Пела, кој прв пат бил изграден во триесетата династија, околу 380-343 год. п.н.е како храм посветен на Хатор, а подоцна бил зголемен од гршки и римски владетели на Древниот Египет кои граделе храмови посветени на Исис и Озирис.

Регионални култови (градовите се наведени од север кон југ)

Овие регионални култои биле оформени кон крајот на Старото Кралство. Во периодот на Новото Кралство, космогониите на Енеад и Огбоадбиле споени (синкретизирани) во надвладувачки државен регион на Египетската империја, со различни идентификации со поранешни одделни божества. Пример за таквото синкретизирање било обединувањето на Ра и Амон во Амон-Ра,[63] или на Птах, Секер и Озирис во Птах-Секер-Озирис.

Треба да се прави разлика помеѓу синкретизирањето и обичното групирање, кое се нарекува и “фамилии” како Амун, Мут и Консу, кеде не се случува “спојување”. Постепено, божествата учествувале во различни синкретични односи, како на пример комбинацијата на Ра и Хорус во Ра-Херакти. Легендата за Озирис и Исис која потекнувала од оваа реформа има долга историја на примање надвор од Египет. Во Птолемаиските времиња, влијаела врз Хеленистичката религија (Озирис-Дионисус), а подоцна во ренесансниот окултизам и Херметицизам.
Во Античката египетска религија забележително бил вклучен кралскиот култ, каде фаронот се сметал како живо божество и бил идентификуван со Хорус. Во Старото Кралство фаронот бил прогласуван за божество за време на неговиот живот. Од Петтата династија, фараонот бил прогласуван за божество само после неговата смрт. Дури во Новото Кралство фараоните како Аменхотеп III се обиделе да повторно да го воведат статусот на божества за време на нивниот живот. После смртта фараонот бил идентификуван со Озирис (кој во државната религија на Новото Кралство бил идентификуван со Хорус).

Историја[edit]

Старо Кралство[edit]

Периодот на Старото Кралство најчесто се смета дека го опфаќал временскиот период кога Египет бил под владеењето од Третатат Династија до Шесттата Династија, од 2686 год. п.н.е до 2134 год. п.н.е. Тоа бил почетокот на највисокото ниво на културен развиток кој го постигнале древните египќани, чии културни корени се проширувале до шест илјади години порано, во праисторијата.
Божества од Старото Кралство:

Пирамидалните текстови (околу 25-тиот до 23-тиот век п.н.е.) магии или “искажувања” кои главно биле наменети: за да ги заштитат останките на фараонот, за оживување на неговото тело после смртта и за да му помогнат да се искачи кон небото. Како такви, се квалификуваат како светските најстари познати религиски текстови, кои за малку ги надминуваат сумериските химни за Енхедуана. Ковчежните текстови претставуваат погребни текстови кои се поврзани со Пирамидалните текстови и датираат од Првиот среден период.

Средното Кралство[edit]

Култот на Амон пораснал за време на Средното Кралство. Санусрет III (1878 год. п.н.е.-1839 год. п.н.е.) изградил убав религиозен храм за Абидос, кој иако е сега уништен, релјефите кои биле зачувани го покажуваат високиот квалитет на декорациите. Бил воздигнат на степен на божество при крајот на Средното Кралство и бил обожуван од фараоните од Новото Кралство.


Ново Кралсвто[edit]

Дополниелни информации: Legend of Osiris and Isis
Кога започнал периодот на Новото Кралство, Огдоад и Енеад биле спонеи во една синкретизирана космологија. Во Енеад, Озирис е мажот на Исис и брат на Сет, каде сите биле пра-внуци на богот-создавател Атум, а во овој систем Хорус не е присутен. Во Огдоад, Озирис не е присутен, а Хорус е син на Атум, богот-создавател. Кога Енеад и Огбоад се споиле, Ра и Амон се идентификуваат како едно битие, создавајќи го Амон-Ра, а во почртокот Хорус се сметал за петтиот брат на Озирис, Исис, Нефтис и Сет. Сепак, мајката на Хорус, Хатор, постепено се поистоветувала со формата на Исис, што довело Хорус да се смета за син на Исис, со тоа и син на Озирис.

Атенизам[edit]

Главна статија: Atenism
Фараонот Ахенатен и неговото семејство се молат на Атен

За време на владеењето на Ахенатен (Аменхотем IV) (1350-тите до 1330-тите години п.н.е) се појавил мал интервал на монотеизам (Атеизам), кој се фокусирал на египетското божество на сонцето Атен. Атен типично се прикажува какко сончев диск од кој на сите страни излегуваат сончеви зраци. Акенатен изградил нов главен град во Амарна со храмови посветени на Атен. Тоа претставувало симболичен чин со кој Атенатен сакал да создади место каде ќе се слави Атен кое не било зауздано од ликовите на другите божества. Промената на религија постоела до смртта на Акенатен, со што старата религија брзо била повратена за време на владеењето на Тутанкамон и бил направен обид да се избрише името на Акенатен од историјата поради неговите еретички дејства.

Доцен период[edit]

После падот на династијата Амарна, пантеонот од новото кралство преживеал како доминантна религија до освојувањата на Ахаменидите. Во тој период била стандардизирана Египетската книга на мртвите (“” Световната рецензија“”). Од записите на Херод добиваме бледа слика за владеењето на Камбиз [67] , каде кралот се опишува како луд, безбожен и суров. Херод веројатно се потпирал на локалната традиија која ја одразува огорченоста на египќаните, особено на свештенството за декретот на Камбиз каде се спречуваат кралските давачки кон египетските хрмови според Амасис. За да се задржи поддршката на моќната свештеничка класа, Дариус Први (522-486 година п.н.е) го отповикал декретот на Камбиз. Пред 486 год. п.н.е. во Египет избувнува бунт кој е задушен од Ксеркс I во 484 година п.н.е. Поради бунтот провинцијата била подложена на сурова казна неговиот сетрап Ахаеменес ја водел земјата без обзир кон мислењео на неговите поданици.

Опаѓање[edit]

Кога Александар Велики го покорил Египет, заминал на аџилак кон пророкот на Амон во оазата Сива. Пророкот го прогласил за син на Амон-Ра.[68] Египетсата религија продолжила да напредува и за време на Птоломејскиот период, кога некои култови биле синкретизирани со грчки мистериси традиции и повлекле влијание од хеленистичката магија. За време на Римското владеење (од 30 год. п.н.е) ситуацијат во голема мера останала непроменета.Римјаните за разлика од птоломејците ги почитувале и заштитувале египетските религиски обичаи, иако постепено бил воведуван империскиот култ од Римската држава и императорот. Египетката религија навлегла во период на опаѓање по прифаќањето на христијанството во првиот век од нашата ера. Остатоците од локалните традиции останале да постојат во тредиционални делови како хиерархиите во храмовите, кои не биле гонети но постепено биле потиснати од раното христијанство. Последните ликови од египетската религија опстојале до 5-тиот век како што е опишано во Хиероглификата.


Оживување[edit]

Со појавувањето на неопаганството во 20-тиот век, создадена е форма на реконструирана античка египтска религија наречена Кеметизам.


Видете[edit]



Дополнително четиво[edit]

  • Schulz, R. and M. Seidel, "Egypt: The World of the Pharaohs". Könemann, Cologne 1998. ISBN 3-89508-913-3
  • Budge, E. A. Wallis, "Egyptian Religion: Egyptian Ideas of the Future Life (Library of the Mystic Arts)". Citadel Press. August 1, 1991. ISBN 0-8065-1229-6
  • Clarysse, Willy; Schoors, Antoon; Willems, Harco; Quaegebeur, Jan, "Egyptian Religion: The Last Thousand Years : Studies Dedicated to the Memory of Jan Quaegebeur", Peeters Publishers, 1998. ISBN 9042906693
  • Harris, Geraldine, John Sibbick, and David O'Connor, "Gods and Pharaohs from Egyptian Mythology". Bedrick, 1992. ISBN 0-87226-907-8
  • Hart, George, "Egyptian Myths (Legendary Past Series)". University of Texas Press (1st edition), 1997. ISBN 0-292-72076-9
  • Osman, Ahmed, Moses and Akhenaten. The Secret History of Egypt at the Time of the Exodus, (December 2002, Inner Traditions International, Limited) ISBN 1-59143-004-6
  • Bilolo, Mubabinge, Les cosmo-théologies philosophiques d'Héliopolis et d'Hermopolis. Essai de thématisation et de systématisation, (Academy of African Thought, Sect. I, vol. 2), Kinshasa-Munich 1987; new ed., Munich-Paris, 2004.
  • Bilolo, Mubabinge, "Les cosmo-théologies philosophiques de l’Égypte Antique. Problématique, prémisses herméneutiques et problèmes majeurs, (Academy of African Thought, Sect. I, vol. 1)", Kinshasa-Munich 1986; new ed., Munich-Paris, 2003.
  • Bilolo, Mubabinge, "Métaphysique Pharaonique IIIème millénaire av. J.-C. (Academy of African Thought & C.A. Diop-Center for Egyptological Studies-INADEP, Sect. I, vol. 4)", Kinshasa-Munich 1995 ; new ed., Munich-Paris, 2003.
  • Bilolo, Mubabinge, "Le Créateur et la Création dans la pensée memphite et amarnienne. Approche synoptique du Document Philosophique de Memphis et du Grand Hymne Théologique d'Echnaton, (Academy of African Thought, Sect. I, vol. 2)", Kinshasa-Munich 1988; new ed., Munich-Paris, 2004.
  • Pinch, Geraldine, "Egyptian Mythology: A Guide to the Gods, Goddesses, and Traditions of ancient Egypt". Oxford University Press, 2004. ISBN 0-19-517024-5



Надворешни линкови[edit]

Референци[edit]

  1. ^ 1. ^ Allen, James P. (2000). Middle Egyptian: An Introduction to the Language and Culture of Hieroglyphs. Cambridge University Press. p. 43. ISBN 0521774837.
  2. ^ 2. ^ Fleming, Fergus; Alan Lothian (1997). The Way to Eternity: Egyptian Myth. Amsterdam: Duncan Baird Publishers. p. 12. ISBN 0-7054-3503-2.
  3. ^ 3. ^ Wilkinson, Richard H. (2000). The Complete Temples of Ancient Egypt. Thames & Hudson. p. 56. ISBN 0500051003.
  4. ^ 4. ^ Allen, Middle Egyptian, p. 117
  5. ^ 5. ^ Wilkinson, Complete Gods and Goddesses, p. 88.
  6. ^ 6. ^ Fleming and Lothian, p. 75.
  7. ^ 7. ^ Fleming and Lothian, Way to Eternity, pp. 12, 34, 59.
  8. ^ 8. ^ Wilkinson, Complete Gods and Goddesses, pp. 60-63.
  9. ^ 9. ^ Fleming and Lothian, pp. 43-44.
  10. ^ 10. ^ Wilkinson, Complete Gods and Goddesses, pp. 38-39
  11. ^ 11. ^ Fleming and Lothian, p. 44.
  12. ^ 12. ^ Allen, Middle Egyptian, p. 315
  13. ^ 13. ^ Pinch, Geraldine (1994). Magic in Ancient Egypt. University of Texas Press. p. 22. ISBN 0292765592.
  14. ^ 14. ^ Fleming and Lothian, Way to Eternity, p. 23.
  15. ^ 15. ^ Fleming and Lothian, Way to Eternity, p. 24.
  16. ^ 16. ^ Fleming and Lothian, Way to Eternity, p. 27.
  17. ^ 17. ^ Fleming and Lothian, Way to Eternity, pp. 24-25.
  18. ^ 18. ^ Allen, Middle Egyptian, p. 126.
  19. ^ 19. ^ Wilkinson, Complete Gods and Goddesses, pp. 118-119.
  20. ^ 20. ^ Fleming and Lothian, Way to Eternity, p. 76.
  21. ^ 21. ^ Fleming and Lothian, Way to Eternity, p. 78.
  22. ^ 22. ^ Fleming and Lothian, Way to Eternity, pp. 76-77.
  23. ^ 23. ^ On the Banks of the Nile,, p. 149.
  24. ^ 24. ^ Fleming and Lothian, Way to Eternity, pp. 77-84.
  25. ^ 25. ^ Fleming and Lothian, Way to Eternity, p. 108.
  26. ^ 26. ^ Wilkinson, Complete Gods and Goddesses, p. 118.
  27. ^ 27. ^ Wilkinson, Complete Gods and Goddesses, p. 119.
  28. ^ 28. ^ Wilkinson, Complete Gods and Goddesses, pp. 205, 206.
  29. ^ 29. ^ Wilkinson, Complete Gods and Goddesses, p. 206.
  30. ^ 30. ^ Fleming and Lothian, Way to Eternity, pp. 38-39.
  31. ^ 31. ^ Allen, Middle Egyptian, pp. 341-342.
  32. ^ 32. ^ What Life Was Like On the Banks of the Nile. Time Life Books. 1996. p. 151. ISBN 0809493780.
  33. ^ 33. ^ Wilkinson, Complete Gods and Goddesses, p. 7.
  34. ^ 34. ^ Allen, Middle Egyptian, pp. 315-316.
  35. ^ 35. ^ On the Banks of the Nile, p. 148.
  36. ^ 36. ^ Allen, Middle Egyptian, p. 316.
  37. ^ 37. ^ Pinch, Magic in Ancient Egypt, p. 22.
  38. ^ 38. ^ Allen, Middle Egyptian, p. 316.
  39. ^ 39. ^ Wilkinson, Complete Temples, pp. 16-17.
  40. ^ 40. ^ Wilkinson, Complete Temples, pp. 6-7.
  41. ^ 41. ^ Wilkinson, Complete Temples, p. 82.
  42. ^ 42. ^ Wilkinson, Complete Temples, p. 8.
  43. ^ 43. ^ Wilkinson, Complete Temples, pp. 49-50.
  44. ^ 44. ^ Wilkinson, Complete Temples, p. 6.
  45. ^ 45. ^ Allen, Middle Egyptian, p. 55
  46. ^ 46. ^ Wilkinson, Complete Temples, p. 36.
  47. ^ 47. ^ Wilkinson, Complete Temples, pp. 44, 54-68.
  48. ^ 48. ^ Allen, Middle Egyptian, p. 55
  49. ^ 49. ^ Wilkinson, Complete Temples, p. 70.
  50. ^ 50. ^ Wilkinson, Complete Temples, pp. 86-88.
  51. ^ 51. ^ On the Banks of the Nile, p. 68.
  52. ^ 52. ^ Wilkinson, Complete Temples, pp. 74-75.
  53. ^ 53. ^ Fleming and Lothian, Way to Eternity, p. 77.
  54. ^ 54. ^ Wilkinson, Complete Temples, pp. 90-91.
  55. ^ 55. ^ Wilkinson, Complete Temples, pp. 9, 25.
  56. ^ 56. ^ Wilkinson, Complete Temples, p. 26.
  57. ^ 57. ^ Wilkinson, Complete Temples, pp. 93-94.
  58. ^ 58. ^ Wilkinson, Complete Temples, pp. 91-92.
  59. ^ 59. ^ Wilkinson, Complete Temples, p. 90.
  60. ^ 60. ^ Henri A. Frankfort, Kingship and the Gods, University of Chicago Press 1978, p.64
  61. ^ 61. ^ Arthur C. Aufderheide, The Scientific Study of Mummies, Cambridge University Press 2003, p. 258f
  62. ^ 62. ^ Herodotus, Euterpe, 2.86
  63. ^ 63. ^ Sarah Iles Johnston, Religions of the Ancient World: A Guide, Harvard University Press 2004, p. 9
  64. ^ 64. ^ a b Johnston, Religions of the Ancient World, p. 417
  65. ^ 65. ^ John Gwyn Griffiths, The Origins of Osiris and His Cult, Brill 1980, p. 194ff.
  66. ^ 66. ^ Iorwerth Eiddon Stephen Edwards, The Cambridge Ancient History, Cambridge University Press 1973, p. 649
  67. ^ 67. ^ known from a Demotic text on the back of papyrus no. 215 in the Bibliotheàque Nationale, Paris
  68. ^ 68. ^ Peters, F.E. "The Harvest of Hellenism" p. 42